Вечерва во Лигата на нациите: Франција ја пречекува Италија

82

Вечерва во 1 коло од групата 2 од сегментот А во Лигата на нациите се среќаваат „тешкашите“ Франција и Италија. Поранешни светски и европски шампиони еден против друг во новата сезона од Лигата на нациите (20:45 часот), а мечот ќе се одигра на „Паркот на принцовите“ во Париз.
Селекторот на Италија, Лучано Спалети најави нов тим, нова Италија и стави крај на тактичките експерименти, па ја адаптира познатата 3-5-2 варијанта со простор за 3-4-1-2. Што се однесува до играчкиот кадар, Спалети одлучи да смени осум стартери од поразот од Швајцарија во нокаут фазата на ЕП 2024, а ги нема повредените Скамака и Барела, потоа Федерико Киеза, суспендираниот Калафиори. Тонали се враќа по 10 месечна суспензија.
Според „Л’Екип“, селекторот Дидие Дешамп планира да го стави Мбапе во нападот со формација 4-2-3-1, а како поддршка триото Коло Муани, Мишел Олис и Бредли Барцола.

МОЖНИ СОСТАВИ:
ФРАНЦИЈА (4-2-3-1): Мањан – Клаус, Упамекано, Салиба, Т.Хернандез – Фофана, Канте – Коло Муани, Олис, Барцола – Мбапе
ИТАЛИЈА (3-5-2): Донарума – Ди Лоренцо, Бастони, Калафиори – Беланова, Фратези, Ричи, Тонали, Димарко – Ретеги, Распадори.

ЛИГА НА НАЦИИ
НАТПРЕВАРИ ЗА ПЕТОК 6.09.2024

ЛИГА А
Белгија – Израел 20:45 ч.
Франција – Италија 20:45 ч.
ЛИГА Б
КАЗАХСТАН – НОРВЕШКА 16:00 ч.
ИСЛАНД – ЦРНА ГОРА 20:45 ч.
СЛОВЕНИЈА – АВСТРИЈА 20:45 ч.
ВЕЛС – ТУРЦИЈА 20:45 ч.
ЛИГА Ц
ЛИТВАНИЈА – КИПАР 18:00 ч.
КОСОВО – РОМАНИЈА 20:45 ч.

ПретходноБарди: Атмосферата во националниот тим е фантастична, најдобра во последно време
СледноРистовски со гол на месецот во најсилната Хрватска лига (видео)