Она што вчера се случи на “Маракана“ во Белград навистина е за Гинис што се вели. Имено на мечот Србија – Шпанија се играше 33.минута кога го видовме веројатно промашувањето на деценијата. Нешто нестварно, нешто неверојатно.
Имено Србија беше во напад, Живковиќ маестрално го проигра Јовиќ а овој од само неколку метри, иако беше осамен и непречен од никого успеа да го промаши цел гол.
Ете и тоа се случи. Којзнае, ако погодеше Јовиќ домашната селекција на Србија можеби и ќе победеше, инаку мечот заврши со резултат 0:0.
Да кажеме и тоа дека Србија настапи без речиси половина стандарден состав, многумина му откажаа на селекторот Драган Стојковиќ – Пикси, но за разлика од порано, синоќа Србите навистина одиграа добро и добро беа предводени од селекторот и тоа пред се на тактички план.