Белгискиот играч на Манчестер Сити, Кевин де Брујне ги критикуваше УЕФА и ФИФА поради згуснатиот календар на натпревари. Според него од сезона во сезона се зголемува бројот на натпревари, а на никого не му е грижа за тоа.
„Сезоните стануваат се подолги. Можеби оваа сезона е во ред, но календарот ќе биде уште покомплициран со СП 2026. Унијата на фудбалери бара решенија, но ништо не се менува. На УЕФА и ФИФА не им е гајле. Нив ги интересираат само парите“, изјави асот на Манчестер Сити.
За истото зборуваше и неговиот соиграч Бернардо Силва кој додаде дека во текот на една сезона, поради големиот број на натпревари, поминува многу малку време со својата фамилија.
Како што е познато од оваа сезона, поточно по завршување на сезоната, од 15 јуни па до 13 јули стартува новото Светско клупско првенство на кое ќе учествуваат 32 eкипи меѓу кои и Манчестер Сити. Тоа значи и уште натпревари.