Дрес од Македонија за Дончиќ и за мајката на Дражен! (ФОТО)

1029

Вчера во Загреб се одржа спектакуларниот меморијален меч во чест на никогаш непрежалениот Дражен Петровиќ, еден од најдобрите ако не и најдобар кошаркар на сите времиња. Се собра цела кошаркарска елита, меѓу неа беше и нашиот Ненад Димитријевиќ.

Тоа беше спектакл кој ретко се гледа на овие простори, а како и секаде кога има вакви настани, тука е и Горан Кипријановски, најголемиот македонски фан кој не пропушти можност да им подари дрес од Македонија на мега – ѕвездата Лука Дончиќ, потоа на мајката на Дражен а тука беше и Александар Петровиќ, братот на Дражен, исто така некогашен голем мајстор на кошаркарската игра.

Интересно е тоа што на дресот за Лука стоеше неговото презиме со бр.77, додека за другиот дрес стоеше бројката 4, бројката на Дражен и неговото презиме.

May be an image of 3 people, people playing basketball, basketball jersey and text

Ова не е првпат семејството на Дражен да добие дрес од Македонија од Кипријановски. За првпат тој им подари дрес од Македонија на ЕП во Загреб кога Македонија за последен пат настапи на едно големо натпреварување.May be an image of 4 people, people playing basketball and text

Секако дека и овојпат Кипријановски не пропушти да ја промовира својата Македонија.

Секоја чест.

ПретходноДали е ова промашување на деценијата?! (ВИДЕО)
СледноАмериканската фудбалска легенда објави пензија