Марсијал доби понуда да се пресели во Бразил

82

Ентони Марсијал би можел да се пресели во бразилски Фламенго.

Бразилскиот клуб е во преговори со поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, гледајќи го како замена за Педро Абреу, кој заработи повреда на предните вкрстени лигаменти, пренесува инсајдерот Фабрицио Романо.

Марсијал моментално е слободен агент. Претходно за него се појави интерес и од грчкиот клуб АЕК, но и од француски Лил. 28-годишниот Французин се уште е без клуб и се уште размислува каде да ја продолжи кариерата.

ПретходноТака се сака својата земја: На ден пред мечот доби ќерка, патуваше 5.000 км само за да брани и беше најдобар!
СледноДукати ги раздвои браќата Маркез и направи тандем од соништата за сезоната 2025