МЗТ Скопје А. со убедлива победа над Работнички до финале на Меморијалот „Тафта“ (ФОТО)

299

Шампионот МЗТ Скопје А. е вториот финалист на првото издание на Меморијалниот кошаркарски турнир „Андреј Грковски – Тафта“. Во големото градско дерби вечерва во СРЦ „Кале“, МЗТ Скопје дојде до прилично убедлива победа над Работнички со 67:52.

Уште на почетокот „штрковите“ ја покажаа својата вистинска сила, кога првата четвртина ја добија со преубедливи 22:6. Работнички се обиде да се врати во игра во втората четвртина, намали, но на крајот МЗТ Скопје А. сепак замина на пауза со убедливи 37:23.

Н апочетокот на третиот период Работнички заигра многу подобро и успеа да ја стопи негативата. По пет минути игра во третата четвртина резултатот беше 40:35 за МЗТ Скопје А., и кога се чинеше дека Работнички фати залет, шампионот заигра одлично, ја врати предноста и во последниот период влезе со 50:37.

До крајот на средбата не видовме поголема неизвесност, а МЗТ Скопје А. рутински го приведе мечот до победа.

ПретходноПелистер најави две нови засилувања во офанзивата
СледноЛН: Италија парадираше на „Паркот на Принцовите“, Белгија очекувано славеше над Израел (ВИДЕО)