Одбиен најголемиот трансфер во историјата на женскиот фудбал

229

Фудбалерката на Барселона, Аитана Бонмати спречи да се случи најголемиот трансфер во историјата на женскиот фудбал. Челзи бил спремен да го сруши трансферниот рекорд во женскиот фудбал, но бил одбиен, не од каталонскиот клуб, туку од фудбалерката.
Челзи се согласил да ја плати откупната клаузула на Бонмати во вредност од три милиони евра. Каталонскиот клуб тука не можел да направи ништо, на фудбалерката и биле понудени 11 милиони евра за четири сезони, меѓутоа таа ги одбила.
Аитана договорила продолжување на соработката со Барселона за помала плата (во споредба со понудата од Челзи), меѓу 1,5 милиони и 2 милиони по сезона со што пак е на врвот по заработувачка.
До пред новиот договор таа заработувала по 300.000 евра годишно.
Аитана има 26 години и во Барселона е веќе 12 години. За првиот тим постигнала 95 голови на 267 натпревари. Со Барса освои три ЛШ, пет едноподруго титули во Шпанија, шест трофеи во Купот и четири во Суперкупот на Шпанија. Таа е прогласена за најдобра фудбалерка за минатата сезона во изборот на ФИФА.

ПретходноДе Брујне: Сезоните се се подолги, но на УЕФА и ФИФА им е гајле, нив ги интересира пари
СледноЧелзи го има најскапиот тим во историјата на фудбалот