29-годишниот српски центарфор, Александар Катаниќ и 29-годишниот Бразилец Фернандо Карваљо Фернандињо, кој настапува во средината на теренот, се нови засилувања за екипата на Пелистер. И битолските „зелено-бели“ го искористија перидот на репрезентативна пауза за да го засилат ростерот во трка за што подобар настап во ПМФЛ.
Од клубот вечерва ги објавија засилувањата, но најавија нивна промоција идната недела.