Пријателски меч: Струмица во пет сета поразена на гостувањето кај Дубочица

73

Македонскиот одбојкарски шампион загуби со 3:2 на првиот од двата планирани контролни натпревари против екипата на Дубочица од Србија, кои треба да бидат генерална проверка на формата пред дуелите со Олимпијакос во ЦЕВ Лигата на шампионите.

Струмичани со новиот ростер одиграа пет силни сетови во Лесковац, каде тренерите ги искористија за да пробраат повеќе варијанти во својата игра. Тренерот на Струмица, Кирил Ричлиев е задоволен од играта на своите избраници, затоа што имаше можност да ја тестира моменталната форма на постарите, но и на помладите играчи.

Според најавата, Дубочица во вторник ќе дојде во Струмица на возвратен пријателски меч. Истиот ќе се одигра во салата „Парк“ во 18 часот.

ПретходноРаботнички поразен од Башкими на пријателски меч
Следно„Вечното дерби“ меѓу Ц. Звезда и Партизан ќе се игра во понеделник