Работнички поразен од Башкими на пријателски меч

293

Во деновите на пауза поради репрезентативните натпревари, екипата на Работнички одигра пријателски натпревар против второлигашот Башкими.

Мечот се одигра на игралиштето на Алумина, а второлигашот успеа да слави со минимални 1:0. Стрелец на победничкиот гол за Башкими беше Аган Сулимани во 28. минута.

Кај екипата на Работнички на овој натпревар дебитираше и најновата аквизиција на „романтичарите“, Бесир Демири.

ПретходноВасилевска е првото засилување за Работнички
СледноПријателски меч: Струмица во пет сета поразена на гостувањето кај Дубочица