Вчера на мечот Португалија – Хрватска се испиша историја. Кристијано Роналдо го постигна гол, тоа беше негов 900-ти во кариерата и со тоа му помогна на својот репрезентативен тим да победи со 2:1.
Секако дека по голот Роналдо беше премногу емотивен, имаше свој коментар а им “одговори“ на сите околу тоа дека тој нема а Меси има освоено СП:
„По мене да освоиш ЕП е исто како да си освоил Светско првенство. Има два трофеи со Португалија и искрено тоа не ме мотвира премногу. Сега сум мотивиран од уживањето во фудбалот, рекордите си доаѓаат сами по себе. Само јас знам колку е тешко да се постигнат тие 900 голови, колку треба напорна работа. Ова е големо достигнување во мојата кариера“ рече покрај другото Португалецот.