Сепак нема да има американско финале на женскиот турнир на УС Опен. Тоа не го дозволи Арина Сабаленка од Белорусија која утринава во полуфиналето славеше против Ема Наваро со 2:0 во сетови. Белорусинката првиот сет го доби со 6:2 во гемови, додека во вториот беше подобра во тај-брејкот со 7:2.
Во второто полуфинале, Џесика Пегула со 2:1 во сетови и тоа со пресврт ја победи Каролина Мухова. Првиот сет го доби тенисерката од Чешка со 6:1, и кога се чинеше дека лесно ќе го добие овој меч, Пегула изнајде сили и ги доби двата наредни сета со 6:4 и 6:2 на задоволство на домашната публика.
Па така во големото финале, во сабота од 22 часот, ќе ги гледаме Арина Сабаленка и Џесика Пегула.