Сунес: Се укажува на тоа дека Трент ќе си замине од Ливерпул

344

Некогашната легенда на англискиот фудбал, Грем Сунес е убеден дека Трент Александар-Арнолд ќе го напушти Ливерпул. Договорот на 25-годишниот англиски дефанзивец со „црвените“ е до летото 2025 година.

„Не гледам јасна причина зошто би го извадил од игра Трент против Манчестер Јунајтед, освен ако знам дека тој си заминува. Тие сепак ќе сакаат да го задржат во тимот до крајот на сезоната и потоа тој ќе си замине бесплатно. Пораката дека донел одлука можеби веќе е пренесена до раководството на клубот. Трент ќе дозволи да му истече договорот“, изјави поранешниот играч од средниот ред на Ливерпул.

Трент беше заменет во 76. минута од натпреварот од 3. коло од Премиер лигата во Манчестер (3:0), а предвреме ги заврши и првите два меча од сезоната кога исто така беше заменет во последните 20-тина минути од натпреварите.

ПретходноЛН: Италија парадираше на „Паркот на Принцовите“, Белгија очекувано славеше над Израел (ВИДЕО)
СледноУЕФА ја казни Рома со два милиони евра