ТФТ подобар од Кожув во првото полуфинале на Меморијалот „Тафта“

116

Кошаркарите на ТФТ се први финалисти на првото издание на Маморијалниот турнир „Андреј Грковски – Тафта“ кој денеска и утре се одржува во Скопје. Во првото полуфинале одиграно попладнево во СРЦ „Кале“, ТФТ како домаќин и организатор на турнирот славеше со 78:72 против екипата на Кожув.

Домашните имаа добро прво полувреме во кое направија разлика од пет поени (37:32), а во возбудлива завршница на мечот успеаја да ја задржат предноста и да дојдат до победа. Интересно е што Кожув на средина на последната четвртина на мечот успеа да дојде до предност од пет поени (58:63), но не успеа да направи пресврт, откако домашните се вратија за израмнување на 71:71 на две минути пред крајот, а потоа повторно се вратија во водство за победа.

Второто полуфинале меѓу МЗТ Скопје А. и Работнички ќе се одигра од 20.30 часот.

ПретходноЛазаров и Даци се новите имиња во Шкупи
СледноБорче Костовски е добитникот на наградата за животно дело во спортот „8 Септември“