Светскиот првак, селекцијата на Аргентина и без повредениот Лео Меси покажа дека може да одигра спектакуларно и да го прегази Чиле со 3:0. Утринава во македонско време на стадионот “Монументал“ во Буенос Аирес, „Гаучосите“ со 3:0 славеа против Чиле во меч од квалификациите за СП 2026.
Откако првото полувреме заврши без голови, во второто ги имаше и тоа како. Во 48.минута МекАлистер донесе водство од 1:0, следуваше фантастичниот гол на Алварез во 84.минута за 2:0, додека Дибала во 90+1.минута ги постави конечните 3:0.
Со поваа победа по 7.коло, Аргентина сега има 18 бодови и убедливо е прва на табелата со неверојатна гол -разлика 11:2.