Според информациите на „Ouest France“, клубовите од Лига 1 и Лига 2 наскоро ќе се најдат во улога на промотори на туризмот во Катар. Тоа доаѓа од договор потпишан меѓу француската професионална фудбалска лига (ЛФП) и Катар Туризам според кој клубовите од првите два ранга на Франција ќе бидат обврзани да ја промовираат оваа Катарска организација.
Секако, клубовите ќе имаат финансиски бенефит од оваа зделка. Секој клуб од Лига 1 ќе добие околу 730.000 евра за промоција, додека секој клуб од Лига 2 по 170.000 евра.
Клубовите имаа мал простор за маневар. Ако некој одбие да го промовира Катар Туризам, тогаш ќе биде принуден да промовира друга катарска организација.