Екипата на Челзи го објави списокот на играчи за групната фаза од Лигата на конференции за сезоната 2024/25 и надвор се најдоа Кол Палмер, Весли Фофана и Ромео Лавиа. Причината не се некакви повреди или суспензии, а одлуката е распределба на приоритетите.
Поради сложеноста на сезоната која може да трае до јули 2025 година бидејќи клубот ќе игра и на Светското клупско првенство, „сините“ направија листа на приоритети и со тоа да одморат дел од своите главни фудбалери.
Енцо Мареска одлучил овие тројца да не играат на мечевите со Гент, Хајденхајм, Астана, Панатинаикос, Шемрок Роверс и Ноа. Сепак, тие може да се најдат на листата во вториот дел на сезоната, односно во нокаут рундата, секако, доколку Челзи стигне до таму.