Челзи го има најскапиот тим во историјата на фудбалот

231

Англискиот Челзи во моментот располага со најскапата екипа во светот, пренесува швајцарската фудбалска обсерваторија ЦИЕС. Според специјализираниот сајт за фудбалска историја играчите на „сините“ имаат вредност од 1 милијарда 280 милиони евра, а во оваа статистика влегуваат и играчите од Б тимот и оние кои се под наем, но се под договор со клубот од „Стемфорд Бриџ“.
Тоа не е само најскапиот тим оваа сезона, туку и најскапиот тим во историјата на фудбалот.
Првите пет места ги држат англиски тимови, а Реал Мадрид е дури на осмото место.

ПретходноОдбиен најголемиот трансфер во историјата на женскиот фудбал
СледноАнчелоти по Реал (M) ќе оди во Саудиска Арабија