Претседателот на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“.
Костовски кој е и актуелен таекводно тренер, својот најголем успех го имаше како тренер на нашиот олимпиец Дејан Георгивски, кој го освои сребрениот медал на Олимписките игри во Токио.
На свеченоста закажана утре во Собранието на Македонија, покрај Костовски, признанија за остварувања во областа на спортот ќе им бидат доделени и на Мирко Димчевски, Рамадан Шабани, Зоран Бошковски и Димитар Јованов.