Германската полиција истражува 17 натпревари за кои се сомнева дека се наместени

144

Фудбалскиот сојуз на Германија во соработка со полицијата покрена истрага за наводно наместени 17 натпревари во тамошните лиги. Се работи за натпревари од третата лига на Германија и регионалните лиги.
Информацијата ја пренесува „Hamburger Morgenpost“ каде што се наведува дека под сомнеж за натпревари од третата лига и регионалните лиги.

Полицијата истражува за измама и обложување за стекнување на висок профит. Истражителите наводно пронашле потенцијални докази во преписките кои се анализирани за да бидат доказ за кривичното дело.
Наводно – некои фудбалери, дефанзивци и голмани, дозволувале голови и учествувале во измамата.
Германија еднаш се соочи со скандал за наместени натпревари, кога фудбалскиот судија Роберт Хојцер призна дека учествувал во местење на натпревари.

ПретходноРистовски со гол на месецот во најсилната Хрватска лига (видео)
СледноЧелзи без Кол Палмер во Лигата на конференции