Капитенот на македонскиот одбојкарски шампион Работнички, Тамара Стојанова, заминува од тимот и кариерата ќе ја продолжи во Обединетите Арапски Емирати. Една од најдобрите македонски репрезентативки се договори со шампионот на оваа земја, екипата на Ал Шарјах и следната сезона ќе го носи дресот на овој блискоисточен состав.
27-годишната Стојанова долги години беше лидер на Работнички, со кого освои се што можеше да се освои на домашната спортска сцена. Со репрезентацијата во последните две години се врати и на интернационалната сцена, по што летово ја доби оваа примамлива понуда од ОАЕ која реши да ја прифати.
Работнички сега ќе мора да најде солуција за испразнетото примачко место пред стартот на новата сезона во која клубот ќе има и ново меѓународно искуство со настапот во Лигата на шампионите.