Во деновите на пауза поради репрезентативните натпревари, екипата на Работнички одигра пријателски натпревар против второлигашот Башкими.
Мечот се одигра на игралиштето на Алумина, а второлигашот успеа да слави со минимални 1:0. Стрелец на победничкиот гол за Башкими беше Аган Сулимани во 28. минута.
Кај екипата на Работнички на овој натпревар дебитираше и најновата аквизиција на „романтичарите“, Бесир Демири.