Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски го има голот на месец август во хрватската Прва лига. Ристовски постигна прекрасен гол со шут од далечина во дуелот со Шибеник уште во 6. минута. Тоа беше вистинска „бомба“ во горниот агол од голот на Шибеник, а голманот не можеше да одбрани.