Вечерва се одиграа четири средби од Лигата на Нации во сегментите Ц и Д. Се разбира дека за нас најинтересно беше што ќе направи Ерменија во Ереван против Летонија, во меч од нашата група 4 во ЛН.
Ерменците ни покажаа како треба па славеа со 4:1 и сега се убедливо први на табелата со три бода по 1.коло, а Македонија и Ф. Острови имаат по еден и Летонија без бодови.
Веќе во вторник играме со Ерменија во Скопје, и ако одиграме како во Торшавн едноставно нема што да бараме, барем според она што Ерменците вечерва го покажаа.
Стрелци а головите беа Бичакчјан, автогол на Дубра, Зеларјан и Спертсјан, за Летонија голот беше дело, односно автогол на Харутунјан.
Во Даблин селекција на Англија славеше со 0:2, тоа беше деби – победа на новиот селектор Ли Карсли. Стрелци на головите беа Рајс и Грилиш. Интересно, првиот не го славеше голот поради тоа што по потекло е Ирец.
Грузија со 4:1 ја декласира Чешка и покажа дека добрите игри на ЕУРО 2024 не биле случајни.
Молдавија со 2:0 беше подобра од Малта.