Освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Штип УГД, денеска ги претстави и новите странски засилувања за следната сезона. Во штипскиот состав доаѓаат Георги Багаев од Белорусија и Виктор Гомес од Бразил, кои треба да бидат нова ударна сила на тимот, кој ќе се обиде достојно да му парира на шампионот Струмица во трка за титулата.
Багаев игра на позиција примач, додека Бразилецот Гомес е среден блокер. Двајцата веќе од следната недела му се приклучуваат во тимот.