Белгија синоќа беше домаќин во Унгарија, ни еден белгиски град не го сакаше мечот со Израел!

229

Ете и тоа се случи. За првпат во историјата селекција на Белгија не беше домаќин во својата земја а претходно да не биде казнета или суспендирана. Причината е бизарна, ниту град во Белгија не сакаше да го организира мечот со Израел од рамките во Лигата на Нации. Па затоа ФС на Белгија одлучи овој натпревар да се игра во Унгарија и тоа во Дебрецин.

Се чини дека поради војната во Газа, градовите во Белгија не сакаа да преземат одговорност околу организацијата од страв од можни немири или уште полошо напади од страна на екстремистички групи кои поддржуваат Хамас во војната со Израел.

Па така овој натпревар се играше во Дебрецин пред празни трибини а натшреварот заврши со победа на “домашната“ селекција од 3:1.

ПретходноЛН: Ерменија ја прегази Летонија и фуриозна доаѓа во Скопје, Рајс не го славеше голот во Даблин, Грузија ја декласира Чешка!
СледноГРК Тиквеш го намачи Пелистер, охриѓани тргнаа фуриозно