Повремениот македонски репрезентативец Ердон Даци во новата сезона ќе го гледаме во друг клуб. Тој ќе остане во Белгија, но ќе го носи дресот на Деинзе, кој игра во втората лига по ранг. Даци во овој клуб дојде од редовите на Беверен каде играше како позајмен играч од Вестерло.
Македонскиот фудбалер потпиша договор на една година со можност за продолжување на соработката на уште една сезона.