ЖФК Љуботен успеа да слави над екипата на Кардиф Сити со 2:0 во мечот од квалификациите за пласман во Лигата на шампионите. Победата на нашиот првак и ја донесе Хава Мустафа со головите во 38. и во 93. минута.
Ова е утешна победа за Љуботен по дебаклот од Валур (0:10). Сепак, победата ќе остане забележана и како историска за тетовскиот тим, бидејќи е прва во европски рамки.