Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси изјави дека му е жал што не може да биде на збогувањето на неговиот сонародник Анхел Ди Мариa од репрезентацијата. Аргентина рано утринава го победи Чиле со 3:0 во Буенос Аирес, во јужноамериканските квалификации за СП 2026 година, а Ди Марија се прости од навивачите пред мечот. Откако летово ја одбрани титулата во Купот на Америка, реши да се повлече од репрезентацијата.
„Жал ми е што не можев да бидам таму, во таа посебна ноќ за тебе, знаеш дека се обидувам да се опоравам за да можам да се вратам. Сакав да бидам таму, ако само преку ова видео, се надевам дека ќе уживаш со твоето семејство, најблиските и Аргентинците. Ова збогување е заслужено поради се што направи за нас“, рече Меси во видео пораката.
Од 2008 година, Ди Мариа одигра 145 натпревари и постигна 31 гол за Аргентина, со која го освои Светското првенство во 2022 година и два трофеи од Копа Америка во 2021 година и ова лето.
Меси целата своја репрезентативна кариера ја помина со Ди Мариа, со која исто така го освои олимпиското злато во 2008 година во Пекинг. Исто така, тие играа заедно во Пари Сен Жермен во сезоната 2021/2022.
Меси се опоравува на Флорида од повредата на зглобот што ја заработи во финалето на Копа Америка во јули. Поради тоа нема да игра во септември во квалификациите за Светското првенство.