Манчестер Сити тргнува во мисија за продолжување на договорот со Ерлинг Халанд.
Клубот разговара со норвешкиот напаѓач за можноста за потпишување нов договор, пренесува „Марка“. Претставниците на „граѓаните“ веќе одржаа неколку состаноци со агентот на фудбалерот, Рафаела Пимента.
Доколку договорот биде комплетиран, Халанд ќе стане најплатениот играч на Сити, пред Кевин Де Брујне. Белгиецот заработува околу 24 милиони евра нето по сезона, додека Халанд ќе добие уште неколј милион повеќе.
Актуелниот договор на Халанд со англискиот клуб е до 2027 година.