МЗТ Скопје победник на меморијалот „Андреј Грковски Тафта“

115

МЗТ Скопје е победник на првиот меморијален турнир „Андреј Грковски Тафта“, кој го организира ТФТ. Актуелниот македонски првак во финалето славеше токму против домаќинот со 81-56.

Магдевски со 15 поени и 7 скока беше лидер кај МЗТ Скопје, по 11 поени имаа Маслинко и Петков. Кај ТФТ, Зафиров имаше 11 поени, додека Стојановски имаше 10 поени.

Кошаркарите од Аеродром одиграа одлично во првото полувреме, имаа предност од 25-41. На другата страна ТФТ заигра нешто подобро по одморот, но тоа не беше доволно за да се совлада фаворитот.

Третото место му припадна на Работнички кој славеше против Кожув со 80-89.

ПретходноГРК Тиквеш го намачи Пелистер, охриѓани тргнаа фуриозно
СледноСергеј го “поздрави“ Пикси и испрати јасна порака!