На прес-конференцијата по ремито со Фарските Острови, селекторот на нашата репрезентација Благоја Милевски, потенцираше дека не е задоволен од резултатот.
„Не можам да бидам задоволен од резултатот. Како што напоменав, противникот е незгоден, сите услови за игра, не можеме да се пожалиме на ништо, освен таа вештачка трева на која не сме навикнати. Првиот натпревар е секогаш незгоден, тежок, можеби најтежок натпревар во оваа наша група, така што одиме понатаму, немаме време многу за жалење, за два дена не чека друг натпревар, а крајната цел е првото место во групата во Лигата на Нации. Од првото полувреме не сум задоволен. Очекував од дебитантите многу повеќе од нив и од Иљазовски и од Митровски, затоа беа заменети. Од реакцијата во вториот дел можам да бидам задоволен. Сите сме како тим и сите мораме да функционираме како тим. Но, ме загрижува еден факт, она што го видов денеска кај одредени играчи, искрено не може вака да се настапува за Македонија“, вели Милевски.