Никола Серафимов: Мора многу да се поправа, пред се желбата и борбеноста од наша страна!

199

Македонија во Торшавн разочара. На отворањето на новиот циклус во Лигата на Нации одигра само 1:1 кај Ф. Острови. Ново разочарување, и не само поради ремито туку и поради играта.

Секако дека и нашите репрезентативци се разочарани од овој исход, а по мечот младиот стопер Никола Серафимов истакна:

Не сме задоволни, ниту од играта ниту од резултатот. Мора многу работи да се поправаат, пред се мислам тука на желбата и борбеноста од наша страна, но јас не сум тој што треба да кажува што треба да се промени. Само знам дека кога ќе добиете шанса мора Македонија да ја претставувате на високо ниво. Искрено мораме да се запрашаме сите што треба да се поправи“ посочи Серафимов.

ПретходноБисинов приреди изненадување, со цел плен замина од Струга
СледноШтип УГД ги претстави двете нови странски засилувања