Охриѓанецот Џеди Осман е „бомбата“ на Панатинаикос

198

Турскиот кошаркар Џеди Осман ќе потпише договор со Панатинаикос, објави претседателот на клубот Димитрис Јанакопулос. Осман кој е роден во Охрид, е најновото големи засилување на грчкиот тим.

Јанакопулос во свој стил ја објави оваа „нуклеарна бомба“ на кошаркарскиот пазар на својата инстаграм сторија.

Осман се враќа во Европа откако ја мина сезоната во Сан Антонио Спарс, а претходно шест години играше за Кливленд Кавалирс.

Во претходниот европски мандат играше за Анадолу Ефес, но не соработуваше со сегашниот тренер на Панатинаикос, Ергин Атаман, кој го презеде тимот од Истанбул кога Осман замина во НБА во 2017 година.

 

ПретходноМиовски знае најдобро како се тресе мрежата на Ф. Острови, така нека биде и денеска!
СледноПроблеми во Денвер околу иднината на клубот!