Полувреме: Губиме во Торшавн, Фарските Острови погодија од сомнителен пенал (ВИДЕО)

175

Слабо прво полувреме и негатива од 1:0 на гостувањето во Торшавн против Фарските Острови. Со голот на Давидсен во 8. минута од белата точка, по еден крајно сомнителен пенал досуден од Литванецот Лукјанчукас, домашната репрезентација замина на пауза со предност.

Нашите репрезентативци уште еднаш изгледаа немоќни на теренот со вештачка трева, создавајќи само неколку можности, од кои најдобрата не успеа да ја претвори во гол Чурлинов во 20. минута. Домашните знаеја што сакаат и успешно го чуваа голот, препуштајќи им го поседот на нашите фудбалери, кои не успеваа да креираат вистинска шанса за погодок. Ако нешто сериозно не се промени во играта, не ни се пишува добро ниту во второто полувреме.

 

ПретходноАнализа: Челзи за 10 години потрошил скоро 3 милијарди евра за трансфери!
СледноБрз гол во второто полувреме: Барди од пенал за израмнување на 1:1 (ВИДЕО)