Македонската кошаркарска федерација и оваа година имаше исполнето лето. Во Скопје се одржаа две европски првенства Б Дивизија, а едно од нив го освои токму Македонија, поточно репрезентацијата до 18 години.
Селекторите и оние кои беа дел од стручниот штаб на младите национални тимови направија анализа на сето она што се случуваше и сето она што им беше пружено од страна на КФСМ за време на подготовките и за време на шампионатите.
Кратко видување за текот на подготовките, настапот на Европското Првенство и тимот излезе асистентот на репрезентацијата до 18 години, Никола Димитриевски.
„Почетокот на припремите го започнавме добро.Термините за тренинзи беа соодветно организирани според планот и програмата. Изигравме неколку пријателски натпревари кои беа добро организирани. Хемијата во тимот беше одлична цело време,со фактот дека тие деца веќе заедно тренирале и со познаваат три години. Се што ни беше потребно од опрема и суплементација на играчите и стручниот штаб беше исполнето и задоволително. Условите на Кале беа добри, имавме се што ни е потребно. Систина како болница ни стоеше на располагање цело време. Тимот беше составен соодветно на квалитетите на сите играчи. Сите деца дадоа се од себе и тие што играа и тие што седеа на клупа. Од страна на Федерацијата голема благодарност, се што ни беше потребно не беше занемарено и ни беше дадено. Ни стоеја на располагање и беа зад нас за се. Имавме одлична комуникација со спортскиот директор Србиновски кој ни беше од огромна поддршка. Со овој пласман ние направиме нешто што ни сами не се надевавме а сепак го посакувавме, ова е голем успех и за нас и за Федерацијата и за самата држава. Немаше никаков притисок, наспроти тие не бодреа цело време.“ – вели Димитриевски.
Со анализа за настапот на Европското Првенство и тимот излезе предводникот на репрезентацијата до 20 години, Боро Смилковски.
„Поканата да бидам селектор на У20 репрезентацијата ми дојде ненадејно во однос на тоа што навистина немав размислувано за еден таков предизвик во време во кое бев насочен исклучиво на клупските обврски. Од самиот момент кога ја прифатив истата од страна на одговорните луѓе во федерацијата ми беше претставен план за подготовки како и план за пријателски натпревари. Заеднички истиот го надополнивме и корегиравме според барањата на нашиот стручен штаб, позитивно ни беше одговорено на секое побарување, а самиот процес на подготовки помина во одлични услови и работна атмосфера.
Ми се чини дека погоре наведеното заедно со еден позитивен пристап од нас, како и отсуството на притисок во однос на резултат од страна на Федерацијата (имајќи предвид дека првенството е од А дивизија), единствени само во поставување на стандард преку овој процес и осознавање што значи да се биде репрезентативец и да се претставува оваа земја, придонесоа целиот процес на подготовки и првенство да поминат во добра атмосфера и комуникација помеѓу стручниот штаб и Федерацијата. Условите за работа беа и повеќе од коректни, исполнети беа сите побарувања на стручниот штаб во однос на сала за тренинг, суплементација и медикаменти, дополнителна опрема за тренажен процес како и соодветна теретана, со одговорност можам да наведам дека во Полска бевме и репрезентација со најмногу ‘тренажна опрема’ и дополнително чекиран багаж за да ја однесеме истата.
Гледајќи вака, единствено нешто што можеби можеше подобро е резултатите од првенството. Повеќе мислам да бевме малку подобри играчки, пофокусирани и побрзо да се адаптиравме на натпреварите. Остана впечаток дека како што одминуваше првенството бевме подобри, меѓутоа можеби можевме да донесеме опстанок за идната генерација како што претходната ни го донесе ова А дивизија првенство на нас“, заврши селекторот.
Предводникот на репрезентацијата до 16 години, Александар Јованчев исто така отворено зборуваше за процесот на подготовки и мечевите кои ги одиграа нашите кошаркари во Скопје. Изјавата можете да ја прочитате на следниот ЛИНК.
Јуниорската репрезентација беше единствената женска репрезентација за ова лето 2024 која зема учество на младинскиот континентален собир, дивизија Б. По неколоку селективни тренинзи, селекторот Горан Крстевски и неговите стручни соработници прозиваа на 1. јули. Беа одиграни и две пријателски средби пред настапот на првенството кое се одигра во Плоешти, Романија од 2. – 11. август.
Неговото размислување можете да го прочитите на следниот ЛИНК.