Не стивнуваат страстите во фудбалска Србија откако најголемите ѕвезди, еден по друг, му откажаа на селекторот Драган Стојковиќ – Пикси за мечевите со Шпанија и Данска. Некои работи да тргнат за нив по лошо е тоа што без нив Србија одигра добро и ремизираше без голови против европскиот шампион. По ова реми во Србија сега повторно му се дава поддршка на Пикси во однос на Сергеј, Митровиќ и останатите.
Но затоа Сергеј Милинковиќ – Савиќ се огласи на социјалните мрежи по мечот со Шпанија и и испрати јасна порака.
На својот Инстаграм профил тој постираше фото од неговото семејство со напомена дека е на одмор и дека ништо не е поважно од тоа:
„Ништо не е подобро од времето минато со семејството“...
Се знае за кого е оваа порака.