Синер во финалето на УС Опен, неговиот противник повраќаше среде меч (ВИДЕО)

233

Во финлето на УС Опен ќе играат Јаник Синер и Тејлор Фриц. Наместо за тенис многу повеќе после двете полуфиналиња се зборува за потегот на Џеко Дрејпер против Италијанецот. Британецот добро се држеше, но на крајот Синер победи со 7:5, 7:6, 6:2. Британецот немаше сили да додаде уште малку бензин и да стигне до финалето, на теренот беше јасно дека му снемува сили.

Во вториот сет, при 4:3 во гемовите за Дрејпер, тој се сврте и наеднаш почна да повраќа. Очигледно напорот за време на турнирот беше преголем, а откако Дрејпер отиде во аголот, зеде крпа и сам го избриша тој дел од теренот. Меѓутоа, она што ја шокираше публиката е тоа што потоа си го избриша лицето со истиот пешкир.

Фриц го победи Тиафо со 4:6, 7:5, 4:6, 6:4, 6:1.

Арина Сабаленка ќе игра со Џесика Пегула во финалето. Сабаленка го победи Наваро со 6:3, 7:6, додека Пегула беше подобра од Каролина Мухова со 1:6, 6:4, 6:2.

ПретходноУЕФА ја казни Рома со два милиони евра
СледноЧукна часот: Луис Суарез во солзи (ВИДЕО)