Вечерва се одиграа четири меча во Лигата на Нации во сегментите А и Б. Епицентарот беше во Дизелдорф, каде Германија со 5:0 просто ја згази Унгарија. Рапсодија од фудбал, страшен фудбал, моќен фудбал прикажаа избраниците на Јулиен Нагелсман. Селекција која почнува нова ера без Ноер, Крос, Гундоган, Милер и останатите ветерани кои по ЕП се простија од својата репрезентација.
И затоа блескаа младите сили на Германија. Филкруг, Мусиала, Вирц, Павловиќ и Хаверц беа стрелците за еуфорија на “Меркул Шпил – Арената“ во Дизелдорф.
Албанија во Прага уште еднаш покажа дека има квалитет и ја победи Украина која беше домаќин.
Украинците поведоа со 1:0 со голот на Конопља во 49.минута, пото следуваше пресврт. Исмајли во 54. и Асани во 66.минута погодија за победа од 1:2.
Во меч од истата група – 3 во сегментот А, Холандија со 5:2 славеше против БиХ. Зиркзе, Реиндерсм, Гакпо, Вегхорст и Симонс беа стрелци на “лалињата“, додека за гостите головите ги постигнаа Демировиќ и Џеко.
Грција на домашен терен ја победи Финска со 3:0.