Екипата на Бутел Скопје ја оправда фаворитската улога против Куманово, откако како домаќин во Автокоманда славеше со убедливи 29-12 во првиот меч од новата сезона во Супер-лигата.
Избраниците на Горан Кузманоски овој натпревар го решија уште во првото полувреме. Отворија со 10-3, на одморот беше 13-5. Веднаш на стартот на второто полувреме поведоа со двоцифрени 15-5, доволно за мирен финиш.
Николов и Михајловиќ имаа по шест гола, пет запиша Узунчев. На другата страна Јакимовски имаше пет гола.