УЕФА ја казни Рома со два милиони евра

197

Контролното финансиско тело УЕФА го заврши прегледот на изминатата сезона и клубовите кои учествуваа во еврокуповите во сезоната 2023/24.

Осум клубови кои беа под посебна лупа и истрага беа ослободени од сите обвиненија за кршење на правилата, а тоа се ПСЖ Милан, Интер, Монако, Марсеј, Бешикташ, Трабзон и Антверпен.

За прв пат, телото ги разгледа клубовите во однос на новото правило, кое постепено се спроведуваше во изминатите три години.

Станува збор за правилото кое вели дека клубовите не смеат да трошат повеќе од 90 отсто од приходите за плати и трансфери. Во втората година таа граница е 80 отсто, а во третата сезона 70 отсто.

Но, имаше и такви кои беа казнети.

Астон Вила ќе треба да плати 60.000 евра, а Марсеј 20.000 поради доцнењето со поднесувањето на финансискиот извештај.

Драстично беше казнета Рома, која отиде во минус и затоа ќе мора да плати казна од два милиони евра.

УЕФА му се закани на Башакшехир со исклучување од натпреварувањето на УЕФА на една година, доколку клубот не ги исполни сите услови во сезоната 2024/25.

ПретходноСунес: Се укажува на тоа дека Трент ќе си замине од Ливерпул
СледноСинер во финалето на УС Опен, неговиот противник повраќаше среде меч (ВИДЕО)