Ф. Острови VS Македонија: Време е за враќање на победничките патеки!

221

Денеска во Торшавн нашата најдобра фудбалска репрезентација и гостува на селекција на Ф. Острови во меч од УЕФА Лигата на Нации во сегментот Ц во групата 4. Со овој меч нашите најдобри фудбалери предводени од селекторот Благоја Милевски, ќе го стартуваа новиот циклус во ова натпреварување.

Добро се сеќаваме дека Македонија играше на ЕП 2021 откако токму преку ова натпреварување се пласиравме на тоа големо натпреварување, првпат и засега единствен пат во својата историја.

Денеска во фудбалот нема слаба екипа, нема слаба репрезентација, но Македонија во Торшавн е фаворит и ќе оди и мора да оди на победа. Се освен освојување на три планирани бода за нас ќе биде големо и огромно разочарување. Селекторот Милевски не може да смета на повредените Александар Трајковски и Милан Ристовски, дополнителен повик доби Марио Илиевски. Познати се проблемите со минутажата на нашите репрезентативци во своите клубови, ретко кој од нив е стандарден, тоа значи дека не се во којзнае каква натпреварувачка форма, но тоа денеска не смее да биде никакво оправдување. Македонија има потецијал, има квалитет и со адекватно залагање и максимален пристап во мечот секако дека има шанси за победа.

Милевски и неговите избраници речиси една година не успеале да победат, без разлика дали тие мечеви биле квалификациски или пријателски. Последен пат славевме во октомври минатата година и тоа против Ерменија во Струмица.

Следуваа порази од Италија, Ц.Гора, Хрватска и Чешка и реми со Англија и Молдавија. Значи во низа дури на шест средби не сме израдувале на победа.

Затоа велиме дека време е за враќање на победничките патеки. Имаме сила, сакаме, а и сме кадарни попладне во Торшавн да ги освоиме трите бода и со победа да го стартуваме овој нов циклус во УЕФА Лигата на Нации.

Како што рековме, денеска во 15 часот во Торшавн играат Ф. Острови и Македонија, а во 18 часот од нашата група се игра и мечот меѓу Ерменија и Летонија.

Момци, време е за победа.

ПретходноБразилците заборавија на кошмарниот почеток (ВИДЕО)
СледноКлоп се врати во Борусија Дортумунд