Уште по неполни 10 минути, Фарските Острови имаат водство против нашата репрезентација. Со удар од белата точка, Давидсен ги доведе во предност домашните во 9. минута, откако главниот судија Лукјанчукас од Литванија поради влечење во нашиот шеснаесетник досуди пенал, кој потоа го потврди и ВАР.