Вардар 1961 ги доби останатите два противници во Европската Лига

322

Екипата на Вардар 1961 ги дозна противниците во групната фаза во Европската лига. Покрај Порто, двократниот освојувач на Лигата на шампиони ќе игра против бундес-лигашот Мелсунген, предводен од еден од тренерите кои им донесоа европска титула на „црвено-црните“, Роберто Гарсија Парондо. Во германскиот тим кој го елиминирам Елверум, играат Даинис Кристопанс и Рожерио Мораеш.

Во квалификациите за групната фаза мина и Валур кој беше подобар од Спачва Винковци.

Вардар 1961 во првото коло ќе биде домаќин на Валур, додека пак потоа е гостин на Мелсунген, по што следи двомеч со Порто.

Целосен распоред во групната фаза

1 коло – Вардар – Валур (08.10.2024)
2 коло – Мелсунген – Вардар (16.10.2024)
3 коло – Вардар – Порто (22.10.2024)
4 коло – Порто – Вардар (30.10.2024)
5 коло – Валур – Вардар (18.11.2024)
6 коло – Вардар – Мелсунген (26.11.2024)

ПретходноСергеј го “поздрави“ Пикси и испрати јасна порака!
СледноГоран Пандев утре за “СпортСпорт“: Чашата е прелиена!