ГРК Тиквеш го намачи Пелистер, охриѓани тргнаа фуриозно

200

По поразот во Супер Купот, Пелистер успеа да се рехабилитира, можеби не според планот, но сепак со победа ја почна одбраната на титулата. Битолчани убаво се намачија против ГРК Тиквеш, добрите први десет минути во второто полувреме им донесоа на крајот триумф од 27-31. На другата страна кавадарчани во дебито на Кристијан Грчевски покажаа дека и оваа сезона ќе бидат незгоден противник.

Пешевски беше лидер со осум гола, Тајник беше зад него со шест. Кај ГРК Тиквеш по пет погодоци имаа Ани Обина и Анастасовски.

Кавадарчани беа одлични во првото полувреме, отворија со 5-2, водоа и со 7-3, ја имаа контролата на резултатот во текот на сите 30 минути. Пред одморот беше 15-11, на другата страна биточани изгледаа збунето и изненадено, по првото полувреме негативата беше 17-15.

Со серија од 6-0 битолчани поведоа со 17-21 после 11 минути игра во второто полувреме, во овој период неколку важни одбрани имаше Никола Митревски. На другата страна ГРК Тиквеш имаше проблем во нападот, ја немаше играта од првиот дел, па конечно после налетот на противникот Грчевски повика тајм-аут. По истиот неговите момци реализираа три напади и дојдоа на 20-21 и ја вратија неизвеноста, но на момент. Пелистер успеа да зголеми на плус три 20-23 некаде кон 47-та минута. Избраниците на Бранче Ангеловски успеаја да дојдат и до плус четири и на две и пол минути до крајот да ја најават победата.

На останатите средби, Прилеп и Пролет одиграа без победник (30-30), Бикоски беше прв стрелец во редовите на домашниот тим со шест гола, на другата страна Василевски запиша десет погодоци.

ГРК Охрид без проблем дојде до првите бодови, откако славеше кај Радовиш со 18-36. Ојлески беше стрелец на седум гола кај победникот, додека пак исто толку погодоци кај домаќинот имаше Постолов.

Првото коло ќе биде комплетирано утре со дерби мечот меѓу Алкалоид и Вардар 1961.

ПретходноБелгија синоќа беше домаќин во Унгарија, ни еден белгиски град не го сакаше мечот со Израел!
СледноМЗТ Скопје победник на меморијалот „Андреј Грковски Тафта“