Миовски знае најдобро како се тресе мрежата на Ф. Острови, така нека биде и денеска!

153

Интересно. Македонија низ својата историја досега одиграла само еден натпревар против Ф. Острови, и тоа дома на Арената во Скопје и тоа беше пријателска. На 27 март 2023 година, избраниците на селекторот Благоја Милевски славеа со 1:0 и тоа токму со голот на Бојан Миовски во 81.минута.

Бојан прво влезе место Несторовски во 54.минута за да потоа во финишот на мечот успеа да донесе победа. Значи еден од нашите најдобри фудбалери знае и тоа како се тресе мрежата на Ф. Острови, па немаме ништо против така да биде и денеска, и не само еден, “дозволено“ му е да постигне и повеќе голови, секако дека нема да се налутиме.

Јасно е дека нема да биде така лесно денеска во Торшавн. Тоа се виде и на тој меч во март минатата година кога тешко го “скршивме“ аутсајдерот. И затоа памет во глава што се вели, нема да биде ни лесно ни едноставно.

Македонија по рејтинг, по квалитет, по сите мерила е поквалитетна во однос на денешниот домаќин, но треба да се мудар, се знае дека во денешниот фудбал не секогаш победува поквалитетниот и фаворитот на хартија, туку оној што ќе покаже повеќе на теренот.

Во секој случај се очекува победа и три бода денеска на вештачкиот терен во Торшавн.

ПретходноДенеска стартува Супер-лигата: Пелистер од Кавадарци ја брани титулата, дербито е во Автокоманда!
СледноОхриѓанецот Џеди Осман е „бомбата“ на Панатинаикос