Пријателски: Срле тргна со победа, Шкендија, Гостивар, Тиквеш и Шкупи убедливи, триумф и на Силекс!

1660

Успешно деби на клупата на Вардар на Срѓан Захариевски. Попладнево Г. Лисиче, вардарци со 0:4 славеа убедлива победа над домашниот состав на Еуромилк. Стрелци на головите беа Омерагиќ, потоа Закариќ, Николовски и повторно Закариќ од пенал. Сите голови паднаа во првото полувреме.

Убава контрола за Вардар во текот на оваа репрезентативна пауза.May be an image of textMay be an image of text

На останатите контролни средни кои се одиграа ова попладне, Шкендија на гости ја победи Беса со 1:3. Алими стрелаше за Беса а Јакупи, Ибраими и Ф. Рамадани за Шкендија.

Гостивар со 4:1 ја совлада Македонија ЃП, Симоновски стрелаше двапати а по еднаш Машике и Дирар. За “лавовите“ голот го даде Марио Станковски.

Шкупи исто така беше убедлив на гостувањето кај Арсими и тоа со 0:3. Стрелци беа Тамба, Јумеми и Кадриу.

Тиквеш во Прилеп со високи 0:4 славеше кај Победа. Стрелци на головите за кавадарчани беа Витор два, а по еден Леонардо и Маневски.

Брера со 2:0 славеше против Осогово и тоа со головите на Олаосебикан и Каланоски. На клупата на Брера своето деби го имаше новиот стратег Горазд Михаилов.

Во Штип гостинскиот тим на Силекс ја победи Брегалница со 1:2.

ПретходноШтип УГД ги претстави двете нови странски засилувања
СледноМилан има „план Б“: Ако Фонсека добие отказ, доаѓа Алегри!