Селекторот на Англија кој играше за Ирска нема да пее ниту една химна

166

Привремениот селектор на фудбалската репрезентација на Англија, Ли Карсли изјави дека на натпреварот против репрезентацијата на Ирска нема да пее ниту една од двете национални химни.

Карсли е роден во Бирмингем, Англија, но во текот на својата кариера тој настапуваше за ирската репрезентација и во таа прилика не ја пееше ирската национална химна.

„Пеењето на химната е нешто што никогаш го немам направено, отсекогаш сум бил фокусиран само на фудбалот. Јас целосно ги почитувам и двете химни и разбирам колку им значат на луѓето, но јас едноставно не можам да го направам тоа“.

Публиката во Даблин сигурно нема да им приреди убав пречек на англиските интернационалци Џек Грилиш и Деклан Рајс, поради тоа што  тие настапуваа во младинските селекции на Ирска, па ја променија репрезентацијата и заиграа за Англија.

Натпреварот помеѓу Ирска и Англија ќе се игра денеска од 18:00 часот.

ПретходноУбедлив старт за Бутел Скопје, Куманово само лесен тренинг
СледноКако ништо да не се сменило: Едвај до бод со Фарски Острови!