Алкалоид во само пет дена – со ист резултат ги победи Пелистер и Вардар 1961!

210

Судбина или не. Пелистер и Вардар 1961 делат иста мака деновиве, а причината е Алкалоид. Момците на Кирил Лазаров во само пет дена им одржаа лекција на двата најголемите кандидати за титулата.

Ракометарите на Алкалоид на четврти септември во Гевгелија го победија Пелистер со 33-30 во битката за пехарот во Супер Купот, а вечерва, исто со 33-30 на домашен терен го совладаа Вардар 1961 во првото коло од новата сезона во Супер-лигата.

Лазаров и неговите момци уште еднаш најавија дека влегуваат со многу поголемо искуство од минатата година, дека се подготвени и физички и ментално, и дека нема да му простат на никого – секоја шанса ќе ја претворат во победа.

Во Автокомнда дефинитивно се гради страшен и македонски тим, не само за клупски цели, туки и за репрезентативна иднина. Не е доцна, системот на Лазаров и Алкалоид да се „ископира“ и во другите тимови…

ПретходноБорко Ристовски на трибините во Автокоманда – го гледаше поразот на „неговиот“ Вардар од Лазаров!
СледноЕпска драма на Гибралтар, домашните останаа без победа по примен гол во 90+14.минута!