Борко Ристовски на трибините во Автокоманда – го гледаше поразот на „неговиот“ Вардар од Лазаров!

5531

Борко Ристовски, Министерот за Спорт дојде во Автокоманда да го гледа дерби дуелот од првото коло помеѓу Алкалоид и Вардар 1961 во рамките на Супер-лигата. Поранешниот извршен директор на „црвено-црните“ имаше шанса да види како момците под водство на Кирил Лазаров од ден на ден растат, а како „неговиот“ Вардар го снајде иста судбина како Пелистер. Алкалоид дуелот со најтрофејниот ракометен колектив го доби со ист резултат 33-30 како и против битолчани во Супер Купот.

Веруваме дека Ристовски ќе се радува на напредокот на македонските репрезентативци во дресот на Алкалоид, и секако во визијата и мисијата на тимот од Автокоманда – вложување во македонски ракометари за доброто на националниот спорт. Можеби ова ќе биде следно за кое ќе се залага Минстерот за спорт, ќе тргне по стапките на својот некогашен соиграч од репрезентацијата Кирил Лазаров.

ПретходноМомците на Лазаров не запираат: Алкалоид го „тресна“ и Вардар (ФОТО)
СледноАлкалоид во само пет дена – со ист резултат ги победи Пелистер и Вардар 1961!